Пуштите работите да си одат.
Отпушете ги.
Откачете се од нив.

Никој не го игра овој живот со обележани карти, па затоа и понекогаш губиме, а понекогаш добиваме.
Не очекувајте ништо за возврат, не очекувајте вашиот труд да биде ценет, вашиот скриен талент откриен и дека вашата љубов ќе биде разбрана.

Ништо не е поопасно од неприфаќање на љубовните врски кои завршиле, работата која е ветена, но сѐ уште не започнала и одлуката која постојано се одложува поради некое „подобро време“.

Пред да почне новото поглавје, старото мора да заврши. Кажете си самите на себе дека она што прошло, никогаш нема да се врати. Сетете се дека имало време кога сте можеле да живеете без тие работи или тие луѓе и дека ништо не е незаменливо, а навиката не е потреба.

Ова можеби звучи очигледно, можеб да биде дури и тешко, но навистина е важно.

Затворање на круговите. Не поради гордост, неспособност или ароганција, туку едноставно поради тоа што тоа повеќе не се вклопува во вашиот живот.

Затворете ја вратата, променете ја плочата, исчистете ја куќата, избришете ја прашината.

Престанете да бидете она што сте биле и променете се во она што сте.

  • Пауло Коељо