Патниците на улица: На над 30 степени се расипа автобус на ЈСП

Во моментов повторно се расипа автобус на ЈСП.

Патниците во моментов на „Партизанска“ во близина на Универзалната сала останаа извисени на топлото време барајќи спас под дрвата со сенка откако се расипа автобусот со кој се превезуваа среде центарот на Скопје.