Патнички автобус целосно изгоре на влез во Скопје

Вечерва на автопатот Скопје – Тетово се запали патнички автобус. Според возачите кои биле сведоци на глетката автобусот бил речиси целосно опжарен. На терен веќе се излезени пожарникарски и полициски екипи, но сеуште не е позната причината поради која се запалил автобусот. За среќа во оваа несреќа нема повредени лица.

Како што објаснија од таму, патничкиот автобус кој бил со гостиварски регистерски таблици се враќал од сервис и почнал да гори при застојот на патарина, а внатре бил само шоферот кој навреме го почуствувал чадот и го напуштил автобусот.

Од станицата од Ѓорче Петров веднаш испратиле две возила кои интервенирале во гаснењето на огнот, причинета е само матерјална штета.

Фото: архива