Партиските каравани ја продолжуваат капањата за локалните избори

Партиските каравани денеска низ повеќе населени места ја продолжуваат кампањата за вториот круг од локалните избори закажани за 29 октомври.

СДСМ и коалицијата денеска се на средби со граѓани во Кисела Вода, Гази Баба, Старо Нагоричане, Долнени и Македонски Брод, а ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери во Штип.

Кампањата ќе трае до 27 октомври на полноќ. Во вториот круг од локалните избори на 29 октомври ќе се гласа во 35 општини кои во првиот круг не добија градоначалници.