Еден од најубавите паркови во Скопје е изграден во Општина Аеродром. Го носи името Јане Сандански и се наоѓа на аголот меѓу истоимениот булевар и булеварот "Србија".
Паркот има зеленило и многу пешачки патеки, три вештачки езерца, фонтани, водопадот... Во рамки на паркот се наоѓа и плоштад на кој се одржуваат најразлични манифестации на општината.