Паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“ (фото)

Утре, 10.8.2017 година, со почеток во 09:00 часот, под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ во паркот „Јане Сандански“ ќе се одржи промоција на поставениот вело-остров, донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“, Гевгелија.

Целта на оваа активност е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.

Во рамките на промоцијата за првите 100 учесници ќе бидат поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.

Инаку, настанот е дел од проектните активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.

Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.