Паркинзи на општина Центар за 15 илјади евра ќе прави истражување на пазарот

Петнаесет илјади евра или нешто повеќе од девесто илјади денари ќе потроши ЈП ПОЦ за мерење на задоволството на граѓаните за услугите кои ги нуди ова јавно претпријатие.  Ова е наведено во договорот кој претпријатието го скучило во месец март, а истиот е објавен на системот за електронски јавни набавки.

Согласно со техничката спецификација и описот на услугите за кој е склучен договорот економскиот оператор ќе има обврска да направи истражување на пазарот преку кое ќе се обезбедат податоци за степенот на свесноста на жителите на општина Центар за безбедноста во јавниот сообраќај како и степенот на користење и задоволството од услугите што ги нуди јавното претпријатие.

Договорот е склучен со компанијата Агенција Рејтинг М која е сопственост на Никола Спасов, син на Ѓорѓи Спасов кој е висок функционер на СДСМ.  Скопје Инфо минатата недела објави дека ПОЦ Центар за изработка на веб страна ќе потроши 20 илјади евра, јавна набавка која отвори многу сомнежи во јавноста.