Паркингот во Центар ќе поскапи за 50 отсто

Паркингот на територијата на Општина Центар може да поскапи за 50 проценти.

Ова го најави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека ова е  една од краткорочните мерки што се предвидуваат за да се намали загадениот воздух во градот. Мерката ќе трае шест месеци, а ќе се однесува само на паркирањето на час.

-Поскаопувањето на паркингот е една од краткорочните мерки, а друга е што ќе ја предложам и до Град Скопје е привремено да се стопираат сите градби во центар кога воздухот е загаден. Од долгорочните мерки е греењето на парно да биде достапно до сите граѓани на Центар. Веќе сме во преговори со БЕГ за изградба на инфраструктура за приклучување и на граѓаните што во моментов се греат на дрва, истакна Богдановиќ.