Паркинг „за медал“ кај Три Бисери

Непочитувањето на сообраќајните правила во Скопје за жал се секојдневие, а возачи кои паркираат без да им биде грижа за сите останати околу нив има и во преголем број.

Последниот ваков пример доаѓа од населба Аеродром, во близина на ТЦ Три Бисери, каде возач своето „Пежо“ го оставил буквално на среде улица, за што не е ниту сигурно дали може да се оквалификува како паркирање...

Во секој случај, како што може да се види фотографиите, камионот на комунална хиегиена едвај минал покрај него. а како што пишуваат од екипата на Комунална Хигиена на социјалните мрежи, се обиделе да го помрднат возилото, но не било оставено во „лер“.