Парите дејствуваат како ефективен поттик за слабеење

Парите дејствуваат како ефективен поттик за слабеење, а лицата што добиваат парична награда за издржување во слабеењето подолго издржуваат и го губат вишокот килограми од оние што не добиваат никаква награда. 

Ова е заклучокот на новото истражување на клиниката „Мајо“ за влијанието на парите врз самоконтролата на жената кога се работи за слабеење.  Слични заклучоци донесоа многубројни студии, но ова најновото е спроведено дури 365 дена на стотина испитаници на возраст од 18 до 63 година. Дополнително, нивниот индекс на телесна тежина бил поголем од 30, што според американскиот „Центар за контрола и превенција на болести“ се смета за заканувачки. Испитаниците по случаен избор се ставени во четири групи, од кои двете добиваат парична награда, а другите две не, а имаат цел – секој месец да ослабнат 2 килограми.

Оние што учествуваат се мереле еднаш месечно за време од 12 месеци. Оние што успешна ја постигнале целта, добивале 20 долари месечно, а оние што не успеале во тоа, морале да дадат 20 долари во заедничката каса. Сите од групата што добивале парична награда, на крајот од истражувањето учествувале во наградно извлекување во кое можеле да освојат износ од заедничката каса.

Од групата со испитаници што биле наградувани 62% успешно ја постигнале целта и во просек изгубиле 4 килограми, а во другата група само 26% од нив успешно ја достигнале посакуваната тежина, со просечно губење на 1 килограм. Постариот автор на истражувањето Доналд Хенсруд, стручњак од клиниката „Мајо“ и еден од водителите на програмата „The Mayo Clinic Diet“ заклучи: „На многумина не им помага традиционалниот пристап, па луѓето се во постојана потрага за креативни решенија кои би помогнале во слаебеењето и во одржувањето на тежината. Резултатите од оваа студија ни го откриваат потенцијалот на паричната награда.“