Парадно концертирање на градскиот дувачки оркестар утре низ улиците на Скопје

Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, утре со почеток во 11 часот, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.

На оваа саботна  музичка променада, ќе биде изведена следната програма:

– Младинска чекорница

– Вардаре македонски

– Патриотска чекорница

– Дикси парада

– Вашингтон пост марш

– 3-та македонска бригада

– Огномет на слободата

– Во спомен на Ваташа

– Работнички

– За сите деца

Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.