Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар по повод 8 Септември

По повод 8 Септември- Денот на независноста на Република Македонија, утре со почеток во 18 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на Град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија.

На оваа музичка променада, ќе биде изведена следната програма:

– Младинска чекорница

– Вардаре македонски

– Патриотска чекорница

– Дикси парада

– Вашингтон пост марш

– 3. Македонска бригада

– Огномет на слободата

– Во спомен на Ваташа

– Работнички

– За сите деца.

Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.