Парадно концертирање на Градскиот дувачки оркестар

На 2 април 2016 година со почеток во 11:30 часот, Градскиот дувачки оркестар при Младинскиот културен центар, ќе одржи парадно дефиле низ улиците на Скопје.

Градскиот дувачки оркестар ќе тргне од Музејот на град Скопје и свирејќи ќе се движи по улицата „Македонија“, се до Плоштадот Македонија. Во рамки на дефилето ќе бидат отсвирени композиции таканаречени чекорници, како и делови од најпознатите светски маршови соодветни за вакви парадни концерти.

На оваа саботна музичка променада, ќе биде изведена следната програма:

- Младинска чекорница

- Вардаре македонски

- Патриотска чекорница

- Дикси парада

- Вашингтон пост марш

- 3-та македонска бригада

- Огномет на слободата

- Во спомен на Ваташа

- Работнички

- За сите деца

Овој концерт е во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар.