Пап тестот бесплатен, а сите гинеколози го наплаќаат - каде лежи вината и кој е одговорен

Постојано се апелира до жените, да одат на прегледи, да имаат свој матичен гинеколог и да спречат појава на различни болести.

Иако по закон за прегледите кај матичните гинеколози не треба да се наплаќа, најголем дел од нив им земаат пари на пациентките.

Пациентките за прегледот никогаш не добиваат фискална сметка, па така и цената на истиот често пати знае да се менува, и да е различна од ординација во оринација.

Пацинтките постојано се прашуваат каде лежи вината и кој е одговорен за ваквата појава.

Фондот за здравство постојано апелира до жените, кога избраниот гинеколог ќе побара пари за бесплатен преглед, осигуреничките треба да му посочат дека се запознаени со нивните права и дека прегледот кај избран лекар не се наплаќа.

Во случај кога се инсистира на наплата за прегледот, потребно е да побараат фискална сметка за извршените здравствени услуги и да го информираат Фондот, било преку претставка доставена во писмена форма било преку електронска форма, а во прилог да достават фотокопија од финансиската документација (фискална сметка).