Панорамскиот автобус подготвен за дочекот на европските шампиони (ФОТО)

Два панорамски автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие брендирани во знакот и боите на ракометниот клуб Вардар се подготвени за дочекот на европските шампиони.

Вардарци по слетувањето на аеродромот “Александар Велики” во 11:15 часот, со панорамските автобуси ќе се движат кон Скопје каде на плоштадот Македонија се очекува да ги пречекаат илјадници граѓани.

ФОТО: К У Р И Р