Панкерите од Скопје (фото)

„Скопје ги имаше најубавите и најдирљивите панкери“, се потсетува Анжелика Апсис, сопственичка на кафулето „Дамар“ во објава за Окно.

Тие не се наметнуваа, ја имаа својата Коцка и сите бевме ок со тоа. Не кршеа клупи, ги галеа кучињата, не зборуваа многу, беа толку дирљиви...

Жила планинареше, Панки (Владимир Груев) беше најубавиот, седеа по тротоари - нивните стоседи (што би рекол Јовица Ивановски). Панки, Жила, Маја, Ружни, Петел, Сашка, Божо, Борис (Борис Петровски), Слаткар, Ели, Перса (Перса е машко) и многу други оставија белег на овој град.

Беа бунтовници но и другари, никој во Скопје не го сакаше насилството...

Извор: Окно