Паника и вознемиреност кај граѓаните на Скопје, дел од нив излегоа на улица

Серијата силни земјотреси што во недела го погодија скопскиот регион, ги натера скопјани панично да ги напуштат своите домови и привремено да се засолнат во блиските паркови.

По првиот утрински земјотрес, што се случи нешто пред седум часот, граѓаните истрчаа веднаш во дворовите и парковите, но подоцна се вратија дома бидејќи во некои делови на градот започна да врне ситен дожд.

Вториот силен земјотрес што се случи попладнево, внесе дополнителна вознемиреност кај скопјани, па сега речиси низ целиот град парковите околу зградите се преполни со луѓе, со мали деца, изнемоштени и стари лица, кои ги напуштија повисоките катови на зградите и сега немаат смелост да се вратат.

Кај некои објекти се вклучија и алармите, што дополнително ја зголеми загриженоста.

„Сега за сега ќе останам во паркот, не можам да се смирам од утрово“, вели за Макфакс една скопјанка, која додава дека нишањето на зградата било интензивно.

Заради земјотресот, беа оптоварени и телефонските врски, па потешко се добиваше конекција, бидејќи луѓето постојано се јавуваат до своите блиски за да прашаат како се.

new nike air max 2019