Пандемијата на коронавирусот ја закочи работата на продавачите на „Лице в Лице"

Пандемијата на коронавирусот ја наруши и работата на продавачите на единственото улично списание во Македонија - „Лице в лице“ Во овој период, продавачите се принудени да останат во своите домови, но за нив не постои можноста за работа од дома. 

Заедничка одговорност е да не ги запоставиме ранливите зашто во ваква ситуација сите страдаме, но, најмногу тие. Од институциите и бизнисите очекуваме отвореност и подготвеност за кризна солидарност за амортизирање на економската слабост на продавачите на „Лице в лице“ – вели Климентина Илијевски, уредник на списанието.

Постојат неколку можности списанието да стигне и директно до вашиот дом.

Со еден клик - поблиску до „Лице в лице“ - https://bit.ly/2w1eLg1

https://bit.ly/2wu2LnK, списанието е достапно и во електронска верзија:
*за актуелниот 39-ти број: https://bit.ly/2y89kg5
*за годишна претплата: https://bit.ly/2WHoe73

Половина од средствата од продажбата ќе бидат наменети за производи за продавачите на „Лице в лице“, кои во овој момент, не можат да бидат на своите работни места, а егзистенцијалните потреби се неминовност.