Панчев одново со вардаровата „деветка“ (фото)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска го претстави Дарко Панчев за нов спортски директор на клубот.

-Легендата на нашиот тим повторно се враќа во раководните структури на „црвено-црните“. Токму во Вардар, Панчев ја почна својата блескава фудбалска кариера која одеше во нагорна линија, а подоцна ќе се закити и со трофејот во Купот на шампионите во дресот на Црвена Звезда. Потоа два пати беше во раководството на „црвено-црните“, и сега повторно се враќа во својот матичен тим, велат од клубот.

Фудбалскиот клуб Вардар му посакува многу среќа на Панчев и многу успеси и освоени титули како спортски директор на клубот.

-Добрeдојде дома Дарко Панчев, му порачуваат од Вардар на новиот спортски директор.

ФОТО: Петр Стојановски