Падната бандера блокираше улица во Капиштец (ФОТО)

Падната бандера на која се поврзани бројни жици, блокираше улица во населбата Капиштец. Се работи за улицата „Бел камен“, каде од утрово е ограничено движењето на возилата.

Колкава штета е направена, поради што паднала бандерата и дали еветуално има повредени се уште нема официјални информации.

Останува надлежните институции да реагираат што поскоро и да ја санираат штетата.