Падна цената на маслото од канабис без рецепт

Паднаа цената на маслото од канабис без лекарски рецепт, кое на нашиот пазар моментално го нуди само Реплек.

Маслото од канабис, кое содржи количина на ТХЦ помалку од 0,2 %, со концентрација на ЦБД од 5%, сега се продава по цена од 2.084 денари, а тоа со 7% по цена од 2.383 денари.

Пред неколку дена, произведувачот, Реплек соопшти дека ги намалува цените на овие производи за 20%.

Цената на маслото на стартот од продажбата, во зависност од тоа каква маржа ќе одредат самите аптеки, се движеше од околу минимум 2.400 денари за масло со 5% ЦБД, и околу 3.000 денари со 7% ЦБД.

ж