Пациентите повеќе нема да се водат на матичен лекар туку на матичната амбуланта

Пациентите при избор на матичен лекар нема да се водат на име на избраниот лекар, туку на имe на приватната здравствена установа во која работи докторот. Ова се дел од измените што министерот за здравство Венко Филипче ги најави минатата недела пред состанокот во Лекарската комора- пишува СДК.мк

„Сакаме пациентите да ги префрлиме од име на докторот на име на ординацијата, за да се избегнат проблемите кои се јавуваат кога докторите преминуваат од едно место на друго или се пензионираат“, кажа Филипче пред состанокот во Лекарската комора за „СДК“.мк

Со оваа промена пациените нма да мораат да се грижат дали е нивниот лекар на смена пред да појдат во амбулант.

Лиценците за работа ќе бидат издавани на ПЗУ во кое работи, а не на лекарот, за да се избегне целосно затварање на ординацијата во случај на пензионирање или смрт на лекарот.

„Ги разгледуваме сите барања на матичните лекари, и настојуваме колку што може повеќе од нив да прифатиме. Сѐ уште не можам да кажам кога ќе стартува промената пациентите да се водат на приватната здравствена установа, а не на матичниот лекар, оти се работи на најсоодветно решение. Се разгледува и можноста лиценцата за работа да биде на име на приватната здравствена установа“, изјавил Филипче за СДК.мк