Пабло Неруда: Полека умира оној кој...

Полека умира оној којшто не патува
оној кој не чита,
оној кој не слуша музика,
оној кој не наоѓа задоволство во себе.

Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов,
оној кој не прифаќа помош.

Полека умира оној кој се претвора во роб на навиките,
секојдневно поставувајќи си себеси исти ограничувања,
оној кој не ја менува рутината,
оној кој не се осудува да се облече во нова боја,
оној кој не зборува со луѓе кои не ги познава.

Полека умира оној кој бега од страста
и нејзините врели чувства;
оние кои даваат сјај во очите и напуштените срца.

Полека умира оној кој не го менува својот живот
тогаш кога не е задоволен со својата работа
или својата љубов,
оној кој не сака да се одрекне од својата сигурност заради несигурност
и кој не ги следи своите соништа;
оној кој нема  да дозволи
ниту еднаш во својот живот
да побегне од смислени совети.

Живеј денес, направи денес, ризикувај денес!
Не го дозволувај бавното умирање!
Не заборавај да бидеш среќен!