Овој свет го уништуваат луѓето кои половично љубат, луѓето со кои човек секогаш е осамен

Сѐ почесто слушам како на луѓето им се напорни другите луѓе, затоа што зборуваат за работи кои нив не ги интересираат.

Затоа што премногу навлегуваат во детали, затоа што зборуваат во погрешно време – аман, па некои од нас имаат и обврски. 

Замислувам како, исто како кога ги балансираш боите на сликата, така го балансираш и интензитетот на присутноста на некои луѓе во твојот живот.

Уморен си, главата те боли, па ја намалуваш светлината на екранот. Користиш филтери и ги чекираш само оние теми кои те интересираат.

Кликнуваш на нешто за да бидеш офлајн во нечиј живот. Ќе се јавиш подоцна, кога ти ќе сакаш да се поврзеш.

Не знаев дека бидувањето пријател е нешто што го правиш само кога имаш слободно време. Слободно време кое реално никогаш го немаме. 

Не знаев дека луѓето се тука за да те забавуваат, зборувајќи за работите кои тебе те интересираат и тоа онолку колку што ти дозволува твоето внмание за одредена тема.

Не знаев дека обврските се поважни од чувствата.

Не знаев дека конференциите, колоквиумите и работилниците се поважни од луѓето на кои им требаше.

Не знаев дека треба да оставиш некој да плаче сам, затоа што не можеш да излезеш од предавање, а потоа да се навредуваш што навлегува во твојот приватен простор, во твоето приватно време, во моментот кога ти не си го барал тоа.

Копнееш за блискост, а не сакаш да се посветиш. Сакаш љубов, ама ќе ти ќе дадеш љубов кога тебе ќе ти биде згодно, кога ќе заврши предавањето, кога ќе дојдеш дома, утре после испит – подоцна, кога повеќе нема ни да имаш кому да ја дадеш. 

Тоа е она што го уништува овој свет: Луѓе кои половично даваат.

Половично љубат, половично се препуштаат, половично се присутни.

Луѓе со кои всушност, ти секогаш си сам.

 

  • Агата Томас