Овој петок Black Friday во Skopje City Mall!

Време е за најголемиот шопинг за оваа година!

Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце кеси ова е сликата која што се очекува во Skopje City Mall викендов.

 Релаксирајте се, одморете се, договор со вашите најблиски за купување и спремете се за незаборавен шопинг во Skopje City Mall на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг лудилото наречено Black Friday!

 “И оваа  година се надеваме на успешна Black Friday кампања и на задоволни потрошувачи кои знаеме дека со нетрпение го очекуваат овогодинешниот Black Friday шопинг. Би сакал да кажам дека и оваа година намалувањата се движат од -20% до -70% кај повеќе од 130 продавници. Како најдобар трговски центар кај нас, сметаме дека овозможивме најдобри услови за незаборавен шопинг, шеста година по ред. Black Friday ќе трае цел викенд, за сите наши потрошувачи коишто нема да стигнат да купат сѐ што им е потребно во петок, да можат да ги искористат дополнителните два дена”. – изјави Дамјан Корубин од маркетинг менаџер на Skopje City Mall.

Од Skopje City Mall велат дека оваа година очекуваат повторно над 100 000 посетители и воедно апелираат дека на Black Friday подобро решение е да се посети нивниот трговски центар со такси, автобус, тротинет или  точак откаколку со автомобил. Бидете подготвени за Black Friday во Skopje City Mall.