Овој маж ги обожава облините на својата сопруга и сака сите да го знаат тоа!

Во доба на слаби манекенки и пластични старлети, многу жени не се чувствуваат удобно во сопствената кожа. Ситуацијата е многу полоша кога и мажите околу нив не сакаат ни да ги погледнат само затоа што имаат некој килограм вишок. Но, Роби Трип, писател и активист, дефинитивно не е таков човек. Тој ги обожава облините на својата жена и сега тоа го знае целиот свет.

Под сликата која тој ја објави на Инстаграм, на која се тој и неговата сопруга, тој напишал: „Момци, размислете за тоа што ви порачува вашето општество и што тоа ви кажува дека требате да сакате. Вистинската жена не е порно ѕвезда, манекенка во бикини или лик од некој филм. Таа е вистинска. Ја обожавам оваа жена и нејзините облини. Додека бев тинејџер, пријателите често ме зафркаваа затоа што ме привлекуваа пониски девојки со облини за кои тие сметаа дека се прекрупни или дебели. Но, кога пораснав и почнав да учам за феминизмот и видов како медиумите ги маргинализираат жените со тоа што создаваат тесен и специфичен стандард за убавина (слаби, високи и витки), сфатив дека многу мажи поверувале во таа лага. За мене не постои посексипилна жена од мојата. Таа можеби нема да биде на насловната страна на Космополитен, но засекогаш ќе биде на страниците на моето срце.“

Освен што на својата Сара по којзнае кој пат и покажа дека ја сака, Роби им се обрати и на другите девојки и жени кои патат поради својот физички изглед.

„Девојки немојте да се лажете самите себеси мислејќи дека морате да се вклопувате во одреден шаблон за да бидете сакани и почитувани. На овој свет постои маж кој ќе ве слави без оглед на тоа какви сте и кој ќе ве сака онолку колку што јас ја сакам својата Сара.“

Овие негови зборови оддекнаа низ интернетот и за кратко време доби многубројни позитивни реакции. Луѓето му пишувале и праќале пораки за тоа дека ова е нешто најпрекрасно што имаат прочитано и дека им дава надеж дека и тие некој ден ќе си ја пронајдат својата љубов.