Овој десерт кој се прави за помалку од две минути го полуде светот

Ви се јаде нешто слатко, но немате поим од готвење? Решението е толку едноставно што буквално го залуде цел свет, поготово оние помладите кои баш не сакаат  да се дружат со рерната. Потребни ви се само основни состојки, една шолја, микробранова и две минути време.

Состојки:

2 лажици  шеќер

2 лажици брашно

2 лажици какао

1 јајце

1 лажица масло

1 лажица млеко

1 штангла чоколадо

Малку прашок за пециво

Сие состојки ставете ги во шолјата и едноставно промешајте  со лажица или вилушка. Би требало да биде прилично течно со  коцки чоколадо низ него. Шолјата ставете ја во микробанова на најсилна температура на една ипол минута. Колачот ќе нарасне, а внатре ќе остане мек и сочен- па може да се јаде со лажичка и оди совршено со шолја бело кафе.

Наздравје.