Овие три хороскопски знаци ги очекува голема среќа во февруари

Февруари ќе биде интересен период, особено поради ретроградниот Меркур, но не се грижете, енергијата ќе биде многу попозитивна отколку во јануари. На 9 февруари не очекува полна Месечина во Лав и тоа само неколку дена пред средбата на Марс со Јупитер, Сатурн и Плутон во Јарец, а тоа ќе донесе големи промени. Добрите работи највеќе ги почувствуваат овие три хороскопски знаци

Водолија – Вас ве очекува период полн со благослови

Сепак го славите вашиот роденден, драги Водолии! Во текот на целиот месец ќе имате причина за смеење. Вашиот владетел Уран сега се движи директно и тоа е предност за вашиот знак. Меркур на почетокот на месецот ќе влезе во вашето поле на финансии, па и вашата финансиска ситуација ќе се поправи. Полната Месечина во Лав ќе го размрда вашето љубовно поле, но со тие потреси многу работи ќе станат појасни и ќе знаете во кој правец треба да се движите кога е во прашање вашиот партнер.

Близнаци – Сѐ почнува да добива некаква смисла

Преминувањето на Сонцето во бунтовната Водолија низ 9-тата куќа ќе донесе олеснување, ќе се чувствувате како да сте на врвот на светот. Без оглед на тоа дали планирате патување во странство или стручно усовршување, цело време ќе бидете фокусирани на личните цели. Меркур, вашата планета владетел, ќе биде ретроградна во куќата за кариера. Искористете го ова време за да размислите и да ги процените вашите професионални цели. Ова е добро време да поставите потребни граници во професионалното опкружување.

Вага – Ве очекува одличен период полн со успеси и добро расположение

Дали сте подготвени за голем успех? Во февруари ќе бидете во центарот на вниманието и тоа ќе ви одговара. Имате силна желба, но и можност за хуманитарна работа. Здравјето ќе цвета. Полната Месечина во Лав ќе го размрда полето на пријателствата, но тоа нема да биде лошо. Напротив, ова ќе ви донесе јаснотија во ова подрачје во вашиот живот, а вашите желби и соништа ќе се искристализираат и нема да имате препреки за да ги остварите. Ќе имате убави моменти и во љубовта.