Овие нешта носат вистинска среќа во животот

Живееме во свет во кој постојано имаме наметнати мислења за тоа што треба да имаме или како да живееме. Додека многу луѓе мислат дека среќата е во материјалните работи, на крајот сфаќаме дека тоа не е така.

Сите оние кои ги имаат овие нешта, знаат што е вистинска среќа.

Пријатели на кои можеме да им веруваме

Убаво е кога имаме барем еден пријател на кој можеме да му се јавиме за поддршка, кога сме во криза или неволја. Пријател кој може да слуша за нашите проблеми со денови, кој ќе ни даде искрен совет и кој ќе ги чува нашите тајни.

Заштедени пари за “тешки денови”

Животот е непредвидлив. Навистина е тешко да се штеди, но мораме да заштедиме барем малку пари за оние неочекувани трошоци кои се појавуваат понекогаш.

Топол дом каде сме прифатени

Без оглед на тоа со кого живееме, убаво е да знаеме дека можеме да дојдеме дома по напорниот ден, и да бидеме прифатени такви какви што сме. За многумина од нас, нашите домови носат хармонија и мир и тие се местата каде можеме да знаеме дека можеме да се смириме и да најдеме утеха од сите лоши работи на светов.

Самодоверба

Не мораме да бидеме претерано самоуверени, доволно е да се сакаме себеси и да не бараме потврда од другите луѓе. Добро е да стоиме цврсто на своите верувања и ставови и да знаеме да кажеме “не” кога е потребно.

Пасош

Ја имаме слободата да патуваме барем еднаш во годината, онаму каде што ќе посакаме (или каде можеме да си дозволиме).

Цел или план

Фино е да знаеме каде одиме. Не мораме да ја испланираме иднината, но убаво би било да знаеме каде сакаме да стигнеме. Животот е несигурен и не можеме секогаш а знаеме дека плановите ќе се исполнат, но добро е кога знаеме што сакаме.