Овие навики ќе ви овозможат пријатно лето

Летото е тука и тоа значи подолги денови, пријатни вечери и убав одмор. Сепак, летото е и одлично време за да поставиме нови цели за нашето здравје и тело. Доколку ви е важно да имате енергија и да се чувствувате здраво и среќно, овие навики ќе ви помогнат во тоа.

Заборавете на брзата храна

Колку што е лесно да се посегне по солената и благата храна, толку полесно е и да си наталожиме килограми,но и да го направиме нашето тело уморно. Ова лето заборавете на преработената храна и конзумирајте повеќе овошје, зеленчук, јаткасти плодови и протеини.

Пијте повеќе вода

Една од најлесните навики е честото пиење вода. Колку вода и да пиеме, во текот на летото треба да се трудиме таа количина да биде поголема. Редовното пиење вода е добро за освежување во топлите денови, но и ви дава енергија и ви овозможува правилно функционирање на телото.

Спијте доволно

Кога сме зафатени и имаме многу обврски, често нашиот распоред се менува и не спиеме доволно. Недостатокот на сон придонесува за намалување на функциите на телто и поголем замор, доколку тоа се одржува подолго. Добриот сон влијае на расположението, но и на убавината.

Следете ги вашите цели

Следете колку успешно ги исполнувате вашите цели. Користете дневник или аплиакција за тоа. Бројте колку пиете вода, колку калории внесувате, колку вежбате. Предизвикајте ги и вашите пријатели и започнете тимски натпревар.

Поминете повеќе време надвор

Поминете повеќе време во природа. Обидете се да возите велосипед, да се качувате на планина или да одите на пливање. Не се затворајте во својот дом и уживајте во природата и сончевите зраци.