Овие намирници успешно се борат со зимската депресија

Темните и ладни денови со кои е исполнета зимата која само што не пристигнала кај голем број на луѓе го зголемуваат нивото на стрес… Но, не грижете се – спротиствете се со помош на овие намирници…

Зелен лиснат зеленчук

Зеленчук како спањаќ и кељ достигнуваат најмногу хранливи вредности за време на зимата. Богати се со калиум, магнезиум и калциум кои придонесуваат за одржување на правилниот циклус на сон, опоравување на мускулите, и го регулираат лачењето на хормонот за стрес – сето ова е клуч за добро расположение. Обидете се да внесувате еден до две чаши дневно од овој зеленчук во зима, како би се чувствувале подобро. Може да ги конзумирате свежи во вид на салата или како додаток во смути или малку да ги обарите и да ги прелиете со маслиново масло.

Грав

Гравот е богат со фолна киселина, чии недостаток е поврзан со депресија. Освен тоа, соджи влакна кои даваат чувство на ситос и го олеснуваат варењето на храната.

Печурки

Ако не ги правите често, вистинско време е да бидат на вашата маса. Содржат два многу важни Б витамин – ниацин и рибофлавин, со кои се потикнува добро расположение, како и витамин Д, чии недостаток е поврзан со депресија.

Семе од тиква

Ужината богата со семе од тиква ќе биде одличен сојузник во борба против депресија бидејќи содржи триптофан – аминокиселина која игра важна улога во производство на серотонин, хормон кој не опушта и прави да се чувствуваме добро.

Ореви

Оревите содржат омега – 3 масни киселини кои го подобруваат расположението. За среќа, често се вклучени за празниците, а може да ги јадете и секојдневно. Само внимавајте, да не претерате бидејќи се калорични – неколку се сосема доволно.

Агруми

Портокали и грејпфрут полни се со витамин Ц, кој го намалува уморот и соджи фолна киселина. Сепак, бидете внимателни доколку земате лекови – агрумите, со одредени лекови, го намалуваат или зголемуваат нивото на нивниот ефект.

Јајце

Јајцата содржат витамин Б12, кој го штити здравјето на нервите и недостаток се поврзува со депресија, холин – неопходен за здравје на клеточната мембрана, како и витамин Д.