Овие хороскопски знаци владеат со светот

Еден хороскопски знак преовладува кај светските лидери.

Дали е судбината на една нација или светот запишана во ѕвездите? Односно, што за светот би значел фактот дека најголем број од шефовите на државите се шкорпии?

Тоа се лидерите на дури 22 држави, а меѓу нив е претседателот на Иран, Хасан Роухани. Вреди да се спомене дека и кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон е исто така шкорпија.

Од регионот, хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ е родена во знакот на бикот, исто како и Адолф Хителр и Садам Хусеин, како и 13 други актуелни шефови на држави, меѓу кои оние на Швајцарија, Финска, Ирак и Канада. 

Претседателот во заминување во САД, Барак Обама е роден во знакот на лав, исто како и Франзуцинот Франсоа Оланд. Лавови има вкупно 18. Ист број има и стрелци, меѓу кои бил и легендарниот Сер Винстон Черчил. Зад нив се близнаците, кои ги има 17 а меѓу нив се наоѓаат и Виктор Орбан од Унгарија, како и претседателите на Украина и Бугарија. 

Раковите се на власт во дури 16 држави. Од нив најпознати се Ангела Меркел од Германија, Зи Јингпин од Кина, и кралот на Обединетите Арапски Емирати. 

Поранешниот севернокорејски претседател Ким Ил Сунг бил роден во знакот на Јарец. Рибите пак, владејат во 15 држави, а риба е и кралицата Елизабета од Обединетото Кралство. Меѓу рибите се и Александар Вучиќ, Реџеп Тајп Ердоган, лидерите на Монако и Исланд. 

Познатиот Махатма Ганди бил вага, а во истиот знак родени се и Милош Земан од Чешка, претседателот на Естонија и премиерот на Велика Британија, Тереза Меј. 

Најмалку лидери има во знакот на девица, односно само 12, но некои од нив се докажано авторитетни, претседателот на Сирија, Башар Ал-Асад и Владимир Путин на Русија.