Овие два хороскопски знаци најтешко кажуваат „Те сакам“!

Тие делуваат ладно и бесчувствително, но тоа е само на прв поглед. И иако можеби се чувствувате фрустрирано затоа што не ви го кажуваат тоа, можеби би требало да ги научите знаците преку кои ќе ви го покажат тоа.

Јарец

Ладни и арогантни, тоа е првиот впечаток кој најчесто го оставаат кај луѓето. Тие најчесто се сметаат за неосвоиви тврдини кои не се освојуваат лесно, но кога ќе останат сами во своите 4 ѕидови, тие се во состојба и со ноќи да плачат. Под услов никој да не ги гледа, секако. Стравот дека ќе бидат повредени е она што ги спречува да ги покажуваат своите чувства, па затоа и често ги чуваат длабоко во себе. Тие попрво би си ја одгризале раката отколку да признаат некому дека го сакаат и дека се грижат за него. Но, нивната маска паѓа во моментот кога ќе успеете да се пробиете меѓу ѕидовите. Потребни ви се само челични нерви и многу трпение. 

Лав

Лавот не може да се носи со суетата која ги спречува да се отворат и да ја покажат својата ранливост, дури и ако цел живот ја познаваат таа личност. Тие никогаш нема да признаат дека се срамат, секогаш ќе имате впечаток дека знаете помалку за нив отколку тие за вас. „Жал ми е“ е фраза која тешко ја изговараат. Дури и ако се свесни дека направиле грешка, тие никогаш нема да си признаат ниту на себеси, ниту на другите. Ти се совршени во својата глава. Попрво ќе успеете да им извадите заб отколку признание за нивните чувства.