Овие билки помагаат во снижувањето на високиот крвен притисок

Редовното консумирање на супи од зеленчук можат да го нормализираат крвниот притисок и да ги спречат срцевите болести. Исто така можат да помогнат во сречувањето на рак, дебелина, шеќерна болест и опстипација.

Постојат докажани материјали дека промените во исхраната и стилот на живеење, вклучувајќи ги и редовните телесни вежби, контролирање на стресот и редовното контролирање и мерење на крвниот притисок, делуваат подеднакво исто како и лекарствата. Измените во начинот на живеење обезбедува чувство кое само по себе може да биде благопријатно.

Постојат исто така, и многубројни лековити билки кои можат да помогнат во контролата на крвниот притисок:

ЦЕЛЕР (Apium graveolens). Целерот долго се користи во традиционалната кинеска медицина за снижување на високиот крвен притисок, што е експериментално докажано. Во еден експеримент, инјектирањето со екстракт од целер во лабораториски животни, значајно го намалил нивниот притисок. Кај луѓето, консумирањето на само четири стебленца целер го дава истиот ефект.

ЛУК (Allium sativum). Оваа чудотворна лековита билка не само што помага во нормализирање на крвниот притисок, туку истовремено и го снижува холестеролот. Во едно научно истражување, на лицата со висок крвен притисок им била давана по една главица лук дневно, во текот на 12 недели. По истекот на терапијата кај испитаниците бил забележан значајно понизок дијастолен притисок и пониско ниво на холестеролот. Според д-р Варо Тајлер, доволни се и 15 г неделно или едно чешне лук дневно за постигнување на видни резултати.

ГЛОГ (Crataegus, различни видови). Ектрактот од глог може да ги прошири крвните садови, посебно коронарните артерии. Глогот со векови бил користен како тоник за срце. Ако сакате да го испробате овој силен лек за срце, најдобро би било да поразговарате за тоа со вашиот лекар. Можете да го пробате чајот од глог, направен од една лажичка сува билка со чаша врела вода, двапати дневно.

КРОМИД (Allium cepa). Во едно истражување, со употреба на две до три лажички масло од кромид дневно, успешно се намалил високиот притисок кај 67% од лицата со умерена хипертензија. Проблемот е што ретко се наоѓа ваквото масло, па треба да се изедат големи количини кромид за да се постигне истиот ефект. Затоа, најдобро е кромидот да се вклучи во сите варива и јадења кои ги консумираме.

ДОМАТ (Lucopersicon). Типичната минестрон супа се заснова на домат, кој што е совршен за ваков вид јадења. Богат е со гама-амино-бутерна киселина, соединение кое помага во намалувањето на крвниот притисок. Покрај ова содржи уште шест други делотворни соединенија.

ТОЛЧНИК (Portulaca oleracea) и други билки што содржат магнезиум. Недостигот од магнезиум, исто така е поврзан со високиот крвен притисок. Многумина имаат недостиг од овој минерал поради слабата консумација на намирници кои го содржат: темно листест зеленчук, мешунки и интегрални житарки. Толчникот, боранијата и маковото семе се најдобрите хранливи извори на овој минерал.