Овен: Месечен хороскоп за јули 2017

Работа

Вашиот владетел Марс на почетокот на месецот прави опозиција со Плутон, кој се наоѓа во вашето поле на работа и кариера. Тоа значи дека треба да бидете особено внимателни на работното место, а посебно со надредените бидејќи се можни несложувања и разлики во однос на некои прашања.

Ќе бидете оптеретени со различни обврски што ќе ви остави малку време за себе, за семејството, и за одмор. На работа ќе се соочувате со тешкотии кои ќе бараат голема концентрација и вештини, но и голема претпазливост. Сето тоа ќе ви создава притисок и ќе чувствувате напнатост, додека пак способноста за прилагодување ќе ви биде намалена и ограничена. За да не дојде до компликации, користете го слободното време за психофизичка релаксација и одмор.

Од 6 јули Меркур минува низ вашето поле на забава, па ќе можете да се ослободите од напнатоста. Успех ќе постигнете секаде каде ќе успеете да покажете иницијатива и креативност.

Венера ви носи профит од преговорите на полето на комуникациите, информациите, информациските технологии и сообраќајот. Ќе бидете многу вешти во финансиските трансаксии и инвестирањето. Вашата љубезност ќе ви отвори многу врати. Во другата половина на јули избегнувајте матни работи и се она што не ви е доволно јасно. Внимавајте некој да не ве излаже.

Невработените претставници на овој знак ги очекува привремена или хонорарна работа, но помалку шанси за постојано вработување.

Љубов

Ако сте во врска: Поради оптеретеноста на работа и многуте обврски, ќе имате многу малку време за партнерот и вашиот емотивен живот. Тоа ќе се одрази негативно на вашата врска и семејни односи. Настојувајте да не ги занемарите вашите домашни и семејни обврски и да побарате разбирање од партнерот.

Во другата половина на јули, Венера која владее со вашето поле на брак и партнерства ќе придонесе за олеснување на вашата врска и нештата ќе ги доведе во баланс. Ќе бидете полни со нежност и ќе изгледа како точно да знаете што му е потребно на партнерот за да се чувствува сакано и среќно.

Ако сте слободни: Ќе привлечете личност која ви се допаѓа така што во вистинско време ќе умеете да ги кажете вистинските зборови, да дадете комплимент и да обрнете внимание на секој квалитет. Притоа, треба да внимавате да не се трудите по секоја цена да бидете забележани. Ако и пристапите промислено на ваквата игра, можете да очекувате многу позитивни резултати. Можеби ќе ви изгледа комплицирано, но дефинитивно тоа е патот до целта.

Здравје

Ќе чувствувате потреба за рекреативни физички активности, кои ќе ви ја подобрат кондицијата и ќе влијаат позитивно на вашето расположение бидејќи ќе уживате во таквите активности. На тој начин ќе успеете да надминете дел од тензиите кои ќе ги имате на работното место и во дел од односите со другите луѓе. Така полесно ќе стекнете отпорност на стресните околности.

Исхраната треба да ви биде покалорични, но и да вклучува житарици, интегрален леб, но и билки чиј корен се користи за исхрана. Земајте и месо, генерално говедско.