Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена.
По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и голем аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и лично да им честитаат на брилијатните уметници, кои го создадоа овој маестрален филм, како што веќе светската критика го оцени, по премиерата на Римскиот филмски фестивал.
Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга.