Оваа земја е “новата Германија“ за странските работници. Плата 2.000 евра!

Доколку сакате да заработувате плати високи како американските, а не сте спремни да патувате преку Атлантикот, ви препорачуваме да се обидете во Ирска. Земјата претставува оаза на одличните услови за работа и живот, бројот на реномирани компании кои инвестираат таму секојдневно расте, а доколку барате работа за која не е потребно претходно искуство – брзо може да стигнете до плата од 2.000 евра. 

Оваа земја по своите поволности и високи плати започнува сериозно да и пркоси и на Германија. Земјата ја има најниската стапка на корпоративен данок во Европа, а тоа претставува доволен предизвик за интернационалните гиганти да дојдат и да инвестираат во поголемите градови како Даблин, а за возврат, тие плаќаат  енормно високи плати кои се изразени со 3 или 4 нули. 

Имајќи го предвид фактот дека сите високоразвиени земји како што се Германија, Шведска и САД се соочуваат со проблемот на недостиг на работници кои се занимаваат со активности од примарниот и секундарниот сектор како што се занаетчиството, земјоделството, трговијата и слично, истото може да се констатира и за Ирска бидејќи станува збор за една исклучително развиена земја. Најбарани професии се електричарите, градежниците, медицинските работници, возачите и сл. Не помалку се барани и лица кои се занимаваат со професиите од терцијалниот сектор како што се програмерите, инженерите и слично.

Животот во Ирска е прилично скап меѓутоа високите плати овозможуваат да живеете навистина угодно. Голем број од гастербајтерите живеат организирани по 3 или 4 во еден стан па така во куќа со четири цимери може да плаќате месечна кирија во износ од 350 евра. Месечните трошоци за живот изнесуваат околу 1.000 евра. 

Како што кажавме, платите во оваа земја се на едно исклучително високо ниво. Саатницата е повисока и од онаа во Германија! Ако германските работници заработуваат по 8 евра на час, Ирците заработуваат 1.5 евра повеќе, односно 9.5 евра. Платата се зголемува по изминување на три до шест месеци за половина евро. Така, доколку во истата компанија, работниците се покажат како способни и квалитетни, лесно може да стигнат до плата од 2.000 евра.