Оваа намирница подмладува, не дебелее и го штити вашето здравје

Доматот е семоќна намирница за која не сте знаеле многу...

Доматот, зеленчук кој всушност е овошје, е богат со разни нутриенти, а може да се јаде и подготвува на повеќе начини. Оваа намирница е многу лековитa и поради ниската калорична вредност е посакувана кај многу диети за слабеење.

Доматот го зајакнува имуниетот и е добар против инфекции. Покрај тоа, се препорачува како идеален природен лек против астма и кардиоваскуларни заболувања.

Некои истражувања покажале дека доматот е најделотворен како сок, спречува тромбоза и го забрзува метаболизмот. Благодарение на ликопенот, оваа билка се вбројува и во борците против канцерогени болести.