Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Од ноќеска на полноќ горивата на бензинските станици во земјава поевтинија за 3, односно за 2,5 денари по литар. 

 „Супер 98“ поевтини за три денари и се продава по цена од 69,00 денари за литар, а исто толку се намали и „Супер 95“ и чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намали за 2,5 денари и изнесува 60,00 денари за литар.