Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намали за денар до денар и половина, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на „еуросупер 95“ изнесува 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ се продава по цена од 72 денара за литар, додека „еуродизелот“ од полноќ има цена од 62,50 денари. Екстра лесното масло, пак, се продава по цена од 52 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намален и ќе изнесува 35,118 денари за килограм.