Ова се новите цени на горивата во Македонија кои важат од полноќ

Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство е намаленат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, соопшти вчера Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на Еуродизеот е 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 46 денари. 

Според Комисијата, намалена е и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.