Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика вчера, по празниците.

Според последната корекција, од полноќ, литар дизел се точи за денар поскапо и сега чини 59.5 денари по литар. 

Не се менува цената на ЕУРОСУПЕР БЦ 95  и таа ќе биде 66.5 денари за литар додека 98 октанскиот е поскап за половина денар и се точи за 68.5 денари по литар.