Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ

Регулаторната Комисија за енергетика вчера ја донесе одлуката за цените на горивата во Македонија.

По две недели од последната одлука, РКЕ одлучи бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ да поскапи за 0,50 денари по литар, а цените на „еуросупоер БС-98“ и на дизел горивата да останат исти.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 61 денари „еуросупер БС-98“ и натаму ќе се продава за 62,50, „еуродизел (Д-Е V)“ за 47 денари, додека „екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)“ за 35,50 денари за литар.

За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограмчини 23,681 денари.