Ова се најуспешните готвачи на првиот меѓународен гастрономски натпревар во Скопје (фото)

Од 18 и 19 октомври 2016, во Скопје во организација на Здружението на готвачи ГАСТРО МАК , членка на WACS – World Association of Chefs Socities (Светската асоцијација на шефови на кујни) се реализира меѓународен гастрономски натпревар.

Натпреварувачкиот дел се случувше во Хала 4 на Скопскиот саем во двата работни дена на 18 и 19 октомври од 08: 00 до 20:00 часот.

Македонските гастрономи беа домаќини на 200 гости меѓународни судии и натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои сите земји од регионот Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка, Шведска,како и гости од Турција, Израел и Египет.

На натпреварот “Македонија 2016”, членот на ГАСТРО МАК Игор Атанасов од ресторан Фурна беше најуспешниот Македонец на натпреварот со освоено највисоко одличје:

- GRAND PRIX – (Гранд при) наградата во категоријата Национално јадење на модерен начин го осви шеф Игор Атанасов- шеф на кујна во ресторанот “Фурна”.

- GRAND PRIX – (Гранд при) во категорија пилешко индивидуално сениори освои Милош Јовановиќ- шеф на кујна во ресторан “Мали врабац” на Скадарлија во Белград

- GRAND PRIX – (Гранд при) во категорија риба – индивидуално сениори освои Ивица Алексов од Словенија

- GRAND PRIX – (Гранд при) во екино јуниорска категорија освои тимот на ХОРЕКА Асоцијација Крагујевац, Србија

- GRAND PRIX – (Гранд при) во јуниорска категорија риба – поединечно освои Ермалд Тото од Албанија

- GRAND PRIX – (Гранд при) во јуниорска категорија тестенини – поединечно освои Никола Младеновиќ од Високата угостителска школа во Лесковец, Србија

Од здружението на готвачи ГАСТРО МАК, организаторот на Првиот меѓународен гастрономски натпревар во Македонија, се задоволни од заинтересираноста на средните угостителски училишта и факултетите за туризам и гастрономија кои пријавија свои екипи и постигнаа извонреден успех што секако представува поттик за понатамошен поголем ангажман во изучувањето на дисциплините во туризмот и гастрономијата.

За над 200 те гости учесници на натпреварот беа организирани програми за прошетка и запознавање на знаменитостите на главниот град што за многумина беше првото доаѓање во Република Македонија.

Паралерно во двата натпреварувачки дена во Халата 4 на Скопскиот саем, за посетителите ќе се одвиваше и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни и од неколку популарни готвачи аматери меѓу кои г-ѓа Светлана Цеца Димовска која изработуваше декорации со каривинг техника од тикви и други овошја и зеленчуци за кои гостите во салата покажаа особена љубопитност. Се разбира штандот на кој готвачите од ресторанот при “Етно село Тимчевски“ – Куманово ги подготвуваа домашно месените пити и баници беше еден од најпосетените особено од гостите од странство. Македонска национална трпеза уште еднаш го оправда епитетот на високо позиционираните кујни во светот на гастрономијата.