Кои се најлошите бивши во хороскопот? Ова се хороскопските знаци, рангирани.

Шкорпија – тие се најлудите бивши во хороскопот. Тие се многу опасни бидејќи нивното лудило го маскираат со хумор и љубезност, но не се залажувајте. Сето тоа е фарса. Другите ќе ви се јавуваат повеќе пати во текот на ноќта  или ќе се појават на вашата врата плачејќи, но Шкорпиите нема да го направат тоа. Тие полека ќе почнат да смислуваат одмазда, која за нив е најслатка кога е сервирана кога ќе заборавите на нив. Ќе ве мачат и вам и вашите блиски, а нема ни да знаете дека се тие. Секако подоцна ќе се појават за да ви се смеат во лице. Тие постојано ве набљудуваат и иако ви се немаат јавено и пишано, не значи дека ве заборавиле.

Лав – раскинувањата се лоши за Лавовите бидејќи го повредуваат нивното его. За нив, ако раскинете со нив е многу понижувачки и тие не знаат како да се справат кога се оставени. Ќе ви се јавуваат постојано, ќе сакаат да се видите и ќе бараат повторно да се вратат во вашиот живот. Ќе се обидат да ве изманипулираат покажувајќи ви дека сте згрешиле.

Близнаци – родените во овој знак не знаат како да се однесуваат откако ќе раскинете со нив. Тие едноставно не можат да ве заборават и не знаат како да се однесуваат кога не се во врска. Разумот не им работи и ќе прават луди работи, додека нивните пријатели не им покажат дека ги преминале сите граници. Тие ги гледаат работите црно-бело. Прво ќе ви кажат дека уште ве сакаат, потоа ќе ви кажат дека е во ред да бидете пријатели, а потоа ќе ви пратат огромни пораки покажувајќи ви зошто не можат да ве заборават.

Девица – Девиците се како и Шкорпиите, тие се оние кои не ги очекувате да се однесуваат така. Девиците ќе делуваат многу смирено и ќе се чудите како толку брзо ве заборавиле, но немојте да мислите дека е тоа навистина така. Девиците се параноидни и ќе ве набљудуваат од страна, а наместо да ве малтретираат вас, ќе се свртат кон личноста со која сте ги замениле. Во однос на бившите, тие ќе трпат долго, а потоа ќе им се истурат и ќе го кажат сето она што долго го мислеле и собирале во себе.

Риби – Рибите се најемоционалните бивши. Тие се многу драматични и се однесуваат како да сте единствената љубов која сте ја имале. Ќе ви праќаат чудни пораки ноќе, ќе пишуваат поезија за вас и ќе се појавуваат пред вашата врата. Најголемата драма ќе се случи кога ќе најдете нова личност во вашиот живот. Ќе се обидат да ве обвинуваат за тоа како се чувствуваат и ќе прават драми насекаде.