Ова се најголемите вистини кои не сакаме да си ги признаеме

Многу често се плашиме да излеземе надвор од нашата комфорна зона, мислејќи дека најубаво е кога се наоѓаме во просторот каде функционираме навидум одлично. Но, многу често тоа е најдобриот и најјасниот пат до умствена и емоционална слобода.

Кога живееме и функционираме во таквата зона често забораваме да забележиме и прифатиме одредени работи кои во голема мера влијаат на нашето живеење. Тоа нѐ спречува да растеме, да се развиваме и да го достигнеме својот потенцијал.

Признавањето може да биде тешко, непријатно, па дури и болно некогаш.

Ова се најголемите вистини кои треба да си ги признаеме

Најголем дел од нашите проблеми се замислени во нашата глава

Сите се бориме. Сите страдаме одвнатре. Секој ден.

Се грижиме.

Се занимаваме со неважни работи.

Лути сме.

Осамени сме.

Се чувствуваме како да не сме доволно добри.

Посакуваме да имавме повеќе пари.

Посакуваме да имаме друга работа.

Сакаме нашите врски да се поинакви.

Мислиме дека сите нешта во нашиот живот се лесни.

Сепак, голем дел од таквите проблеми се креирани во нашата глава. Тие можеби постојат, но со претераното анализирање и споредување на другите луѓе, ние ги преувеличуваме и така стануваме несреќни.

Се плашиме од тоа што другите луѓе го мислат за нас

Но, тоа е често невалидно и нереално. Не постои ништо лошо во тоа да сакаме да бидеме почитувани и обожавани од другите луѓе, но голем проблем настанува кога се менуваме за да им се допаднеме на другите луѓе. Тоа ја намалува нашата самодоверба и ја разнишува нашата личност, бидејќи постојано се обидуваме да живееме според туѓи стандарди.

Го броиме бројот на лајкови и коментари, мислејќи дека тоа е валидно. Но, најголемиот проблем е во тоа што мислењето на другите луѓе и општо прифатените вредности и стандарди не земаат предвид колку вреди една личност, туку колку таа може да биде корисна за нивното напредување на скалата која тие ја имаат замислено.

Нашите претходни искуства прават да се чувствуваме дека сме помалку способни, отколку што сме

Многу често се потсетуваме на некои претходни грешки и неуспеси од минатото и тоа нѐ прави да мислиме дека не сме доволно добри. Си поставуваме барикади и се плашиме да ризикуваме, бидејќи мислиме дека тоа скапо би нѐ чинело. Ова е една од најопасните мисли кои можеме да ги имаме.

Тоа што треба да го знаеме е дека треба да научиме од минатото и да сфатиме дека нашите способности и знаења со текот на времето се зголемиле.

Грешките и болката ни помагаат да се развиваме

Голем дел од инспиративните книги, песни и откритија произлегле од скршено срце, неуспех или голема болка. Тоа значи дека голем дел од грешките кои ги правиме, но и болката со која се соочуваме за нас претставува предизвик да направиме нешто.

Одредена област од психологијата, т.н. пострауматски развој покажува дека најголем дел од луѓето имаат способност да ги искористат своите лоши моменти и трауми за креативен и интелектуален развој. Поконкретно, истражувачите докажале дека траумите им помагаат на луѓето да се развијат умствено.