Ова се 5-те најголемите тајни за убава кожа

Дали забележувате некоја личност со кожа која е убава  и свежа и се прашувате која е нејзината тајна. Но, вистината е дека тие навистина имаат навики кои придонесуваат кожата да им биде секогаш убава, нежна и свежа.

Утринско и вечерно чистење на кожата

Најголем дел од луѓето со убава кожа ќе ви кажат дека чистењето на лицето е нешто што тие го прават задолжително. Доколку се поспани наутро или сакаат да одат брзо на спиење навечер, тие не забораваат дека мораат да го исчистат лицето за да може кожата да диши во текот на ноќта. Според др. Патриција Векслер, миењето на лицето два пати во текот на денот е важно бидејќи наутро се отстрануваат маснотиите кои се собираат во текот на ноќта, а и на тој начин кожата се подготвува за дневните рутини. Навечер, кожата се чисти од слободните радикали, маснотии и шминката. Сите тие работи ја спречуваат кожата слободно да дише.

СПФ заштитата е особено важна

Постојат многу нешта кои не морате да ги правите, но заштитата од сонцето е особено важна. Тоа ја спречува пигментацијата  и стареењето на кожата кое е предизвикано од УВ зраците. Доколку сакате добра и убава кожа, ова е нешто што морате да го применувате.

Не ја допирајте често кожата

Полесно е да се каже отколку да се применува, но само земете ги предвид сите бактерии околу нас. Особено бидете внимателни со акните и бубуличките за кои веднаш паѓате во искушение да ги стискате, а со кои можете да направите само поголем проблем.

Не ја ексфолирајте кожата пречесто

Можеби мислите дека тоа ќе придонесе да се уништат мртвите клетки, но често ексфолирање ја прави кожата погруба, сува и иритирана. Најдобро е тоа да го правите 1-2 пати во текот на неделата.

Двојно чистете ја кожата навечер

Можеби ќе речете дека е непотребно, но ќе забележите огромна разлика во вашата кожа за само неколку недели. Ваквиот процес е особено важен ако носите шминка во текот на денот. Многу важно е да бидете сигурни дека сте го исчистиле лицето.