Ова ќе биде најсреќниот хороскопски знак оваа година

Оваа година е година за успеси и убави работи!

Генерално, 2019 се смета за подобра година од претходните на многу полиња. Таа носи успеси за сите хороскопски знаци, но највеќе од нив, за еден од нив. Станува збор за Стрелецот.

За Стрелците, оваа година ќе биде најуспешна поради минувањето на Јупитер низ знакот на Стрелец. Јупитер се смета за планета за благосостојбата и среќата. Тој навлезе во Стрелец во ноември 2018 година и ќе го напушти дури во декември 2019.

Покрај тоа, Јупитер е владетел на овој знак. Со други зборови, планетата се враќа во својот дом. Овој аспект се смета за корисен и добар.

Луѓето родени во овој знак ги очекува конечно расчистување со минатото, но и многу позитивни промени -  ново работно место, нова љубов, проширување на кругот на пријатели.

Стрелците ќе имаат незаборавна година.