Ова е за тешките денови...

Има денови кога сакаме само да се откажеме.
Има денови кога сакаме само да избегаме некаде далеку.
Но, не можеме.
Не можеме да избегаме, ниту да се криеме, ниту да се откажеме.
Затоа што ако го направиме тоа, единствената личност од која ќе помогнеме сме самите ние.
Ние би се откажувале од самите себе.
Би се криеле од самите себе.
И да, можеме да се криеме кога работите ќе станат тешки.
Но, фората е во тоа што сме си потребни самите на себе во тие тешки и ужасни денови.
Ајде да останаме.
Да видиме што се случува.
Не мора да разбереме што се случува, ниту пак треба да го анализираме тоа.
Едноставно треба да останеме и да се поддржиме себеси.
Како?
Што може да направиме?
Можеме да бидеме храбри и да нурнеме во тежината на денот, чувствувајќи ја ладната вода во нашите срца.
Можеме да трчаме директно кон самите себе, ширејќи ги рацете, давајќи насмевка полна со поддршка и да кренеме чаша со црвено вино.
Можеме да се повлечеме од светот, да се покриеме со чаршавите преку глава и да си поплачеме малку.
Можеме да се запрашаме себеси: „Што можам да направам за себе во моментов?“
Можеме да бидеме отворени и да замолиме пријател за поддршка.
Можеме да се стуткаме и да плачеме.
Можеме да пишуваме, цртаме, тануваме и пееме на цел глас и така да ја натераме болката да излезе на површина додека истовремено создаваме уметност.
Можеме да си пуштиме тажна, меланхолична плејлиста и да плачеме, да вриштиме или да се тресеме се додека срцето не ни се смири.
Можеме да си ја земеме сопствената рака и цврсто да ја стистнеме.
Да.
Има милион работи кои можеме да ги направиме за да си дадеме поддршка самите на себе.
Затоа, да си ветиме дека никогаш, ама баш никогаш нема да се напуштиме самите себе.
Да, има денови кои се неверојатно тешки.
Но, тие можат да бидат многу сочни.
Тие можат да бидат трансформативни.
Тие можат да бидат убави.
Тие можат да бидат полни со инспирација.
Тие можат да бидат полни со креативност.
Тие можат да бидат токму тоа што ни е потребно.
Затоа, ајде да бидеме храбри и да останеме.
Ајде да бидеме ѕверчиња и храбро да застанеме пред тешките денови.