Вие сте апсолутно емотивно истоштени. Оној тип на истоштеност кој ниту спиење, ниту пак кафе не може да го излечи. И не знаете како да го објассните.

Затоа што не сте физички уморни... туку психички и емотивно. Можете да го почувствувате тоа во вашата душа.

Можеби комплетно се посветувате на работа, а потоа се давате уште повеќе дома. Или можеби вие сте пријателите кои секогаш сте тука за другите, но нема кој да ви помогне вам.

Можеби сте изгубиле некој кој ви е важен и потребна ви е целата сила само за да станете од кревет.

Вие им давате се на луѓето околу вас, но потоа не останува ништо за вас.
Постојано им се давате на другите, а потоа вие завршувате празни.
Секогаш наоѓате начини како да им помогнете на другите, затоа што не знаете како да си помогнете на себеси.

Ова е многу за да се поднесе, но не знаете друг начин.
Тоа е вашата суштина.

И се прашувате дали нешто не е во ред со вас. Тоа е вашиот благослов и вашата клетва. Но, се е во ред со вас. Да имате способност да чувствувате толку многу е вашата супермоќ.

Помагањето на другите на начинот на кој вие го правите тоа, да можете да сочувствувате и да ги поддржувате вашите најблиски... тоа е она што ве прави суперхерои.

Понекогаш неопеани херои, но сепак херои.

Знам дека може да биде истоштувачки. Се случува да се чувствувате осамено и неценето. Но, кога тоа ќе се случи, земете здив и почнете да се грижите за себе.

Дишете длабоко. Вежбајте. Земете слободен ден или викенд и разгалете се. Направете простор за да наполните батерии.

Но, не се менувајте. Не се обидувајте да чувствувате помалку. Талентите кои ги имате и љубовта која ја споделувате можат да го променат светот.